Интер е новиот шампион во италијанскита Серија А петти пат по ред. Нероазурите до 18-то Скудето стигнаа триумфирајќи на гостувањето кај Сиена со минимално 1-0. Аргентинскиот репрезентативец Диего Милито во 57-та минута беше стрелец на победничкиот погодок. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев одигра 36 минути во триумфот на нероазурите.

Рома си ја заврши својата работа совладувајќи го Киево со 2-0. Црногорскиот интернационалец Мирко Вучинич во 39-та минута и донесе водвство на Рома додека италијанскиот репрезентативец Даниеле Де Роси со фантастичен погодок ги постави конечните 2-0. Џалоросите се пласираа на втората позиција во Серија А и обезбедија директен пласман во Лигата на Шампиони.

Росонерите со убедливата победа над Јувентус од 3-0  директно се пласираа во Лигата на Шампиони. Сампдорија со минималната победа над Наполи го зазеде 4-то место кое води во квалифакации од најелитното друштво Лигата на Шампиони. Џампало Пацини повторно е таличен за “морнатите“ од Џенова.

Италија во Лигата на Европа ќе ја преставуваат Палермо, Наполи и Јувентус додека елитата ја напуштаат Аталанта, Сиена и Ливорно.

Резултати: Сиена – Интер 0-1, Киево – Рома 0-2, Сампдорија – Наполи 1-0, Аталанта – Палермо 1-2, Бари – Фиорентина 2-0, Каљари – Болоња 1-1, Парма – Ливорно 4-1,

Табела: Интер 82 бодови, Рома 80, Милан 70, Сампдорија 67, Палермо 65, Наполи 59, Јувентус 55, Парма 52, Џенова 51, Бари 50, Фиорентина 47, Лацио 46, Катанија 45, Каљари 44, Удинезе 44, Киево 44, Болоња 42, Аталанта 35, Сиена 31, Ливорно 29.

ohridnews