Јубилеен педесети натпревар за најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев беше мечот против Катар. Пандев на најдобар можен начин ја раситна педесетката постигнувајќи два погодоци.
Со двата гола на денешниот натпревар струмичанецот стигна до бројката 19 што го прави најдобриот стрелец во македонската фудбалска историја.
Напаѓачот за „црвено-жолтите“ дебитираше на 6 јуни 2001 година во Бурса, на средбата Турција – Македонија (3-3).
Првиот гол го постигна на вториот меч во пријателската со Малта (5-0), на 21 август 2002 година, во Скопје, во 89. минута.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com