Гол, асистенција, статива и жолт картон за Горан Пандев кој беше централна фигура во победата на Интер над Милан во градското дерби со 2-0. Македонскиот напаѓач го одигра најдобриот натпревар откако е во Италија. Интеровата 27-ка во 10 – та минута со дијагонала му асиситираше на Милито за водство, додека во 65 со голот од слободен удар “чиста механика“ ги постави конечните 2-0. Интер под 25 минути игра остана со играч помалку по исклучувањето на Снајдер, додека натпрварот го заврши со девет по црвениот картон на Лусио. Роналдињо во судиското надополнување не успеа да го совлада Цезар по ударот од белата точка.
Интер по 21 одиграно коло има девет бода преднност пред Милан кој има натпревар помалку.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com