Маестралниот Горан Пандев ќе го предводи нападот на Лацијалите на вечерашниот натпревар  помеѓу Лацио и Јувентус. Пандев оваа година ја започна брилијатно со првиот хет-трик во неговата кариера на мечот против Реџина. Македонскиот напаѓач со осум погодоци е најдобар стрелец во екипата на Лацио. Старата Дама секогаш била дополнителна инспирација за струмичанецот.

Јувентус е голем клуб и сигурно ќе биде многу тешко ова е навистина важен меч за мојата екипа. Се надевам дека моите момци ќе ме израдуваат со полнпогодок против големиот противник, изјави тренерот на Лацијалите Делио Роси.

Натпреварот помеѓу Лацио – Јувентус започнува во 20:30ч.

М.П.