Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев вечерва на „Олимпико“ во Рим ќе има можност да ја одбрани титулата во Копа Италија која лани ја освои против Сампдорија во дресот на Лацио.


Пандев во дресот на Лацио одигра 160 натпревари во сите конкуренции и постигна 60 гола. Против вечерашниот конкурент во финалето, македонскиот репрезентативец постигнал два погодоци.

Интер и Рома ќе ја имаат петтата пресметка во финалињата во последните шест години. Во досегашните четири финалиња, по два триумфа имаат двата тима.

ohridnews