Наjдобриот макдеонcки фудбалер во моментов Горан Пандев по деветти пат се радуваше на погодок во дресот на Лацио, во Серија А. Со деветиот погодок Пандев е најдобриот стрелец во тимот на Делио Роси.
Македонскиот напаѓач во 56-та минута беше стрелец на вториот гол во убедливата победа од 3:0 на Лацио против Аталанта. Првиот и третиот погодок ги постигна Роки од пенал. Италијанскиот Sky – Sport го прогласи Пандев за играч на натпреварот.
Резултати и стрелци од 23-то коло во италијанската Серија А:
Фиорентина – Катанија 2:1 (Кузманович 40, Муту 71 – Варгас 60),
Џенова – Сампдорија 0:1 (Маџо 87),
Наполи – Емполи 1:3 (Манини 37 – Поци 21, 65, Будел 81),
Палермо – Калјари 2:1 (Кавани 23, Јанкович 45 – Кавани 51аг),
Реџина – Удинезе 1:3 (Модесто 76 – Пепе 8, Ди Натале 63, 90),
Сиена – Торино 0:0.
Интер – Ливорно 2:0 (Суазо 14,18)
Парма – Милан 0:0
Јувентус – Рома 1:0. (Дел Пиеро 45)
Табела: Интер 59, Рома 48, Јувентус 47, Фиорентина 41, Милан 38, Удинезе 36, Сампдорија 34, Палермо 31, Аталанта 30, Џенова 29, Наполи 27, Лацио 26, Торино 25, Катанија 23, Ливорно 23, Емполи 22, Сиена 21, Парма 21, Реџина 18, Каљари 15.