Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го отвори резултатот на финалниот натпревар од Светското клупско првенство во Абу Даби.


Пандев во 13 минута погоди за 1-0, додека неколку минути подоцна учествуваше во акцијата по која Ето зголеми на 2-0. Конечниот резултат го постави Биабиани во 85- та минута.

Со овој триумф избраниците на Рафаел Бенитез го освоија петтиот трофеј сезонава.

М.П.