Горан Пандев на натпреварот против Луксембруг стигна до 14 – от погодок во црвено – жолтиот дрес.
Листата на најдобри стрелци во националниот дрес ја предводи Ѓорѓи Христов кој 47 пати го носеше националниот дрес притоа постигнувајќи 17 гола.
Втор на оваа листа е Артим Шакири кој во 73 настапи постигна 15 гола. Голот кој е во срцата на сите љубители на фудбалот е голот од Саутемптон.
По вчерашниот меч Горан Пандев стигна до бројот 14 и само прашање на време е кога најдобриот македонски активен фудбалер ќе го запоседне првото место на оваа гол листа.