Горан Пандев, македонскиот бренд во Серија А, е еден од играчите во кои се крстат тифозите на Лацио , во пресрет на  вечното римско дерби со Рома . Пандев кој во својатата кариера ги тресел мрежите на гигантите  најтрофејниот европски клуб Реал (М), најтрофејниот на Апенините, Јувентус, потоа на својот поранешен тим Интер, Ливорно, Реџина , Емполи , никогаш не му пошло од “нога“ да погоди против волчицата.

Пандев ја игра најдобрата сезона во Серија А, има постигнато десет погодоци, а вечерва има шанса да го израмни својот рекорд по бројот на погодоци во една сезона, што изнесува 11.

Тренерот на “светлосините” Делио Роси, одмараше поголем дел од своите фудбалери на Фриули против Удинезе со цел да бидат одморени во пресрет на римското дерби.

На останатите натпревари 29. коло: Милан – Сампдорија, Калјари – Аталанта, Катанија – Сиена, Емполи – Јувентус, Џенова – Интер, Ливорно – Реџина, Наполи – Фиорентина, Парма – Палермо, Торино – Удинезе, Лацио – Рома.