Три од три за бразилецот Леонардо на клупата на Интер. По двете победи во Серија А, “нероаѕурите“ ја продолжија победничката низа совладувајќи ја Џенова со 3-2 во Копа Италија. До пласманот во наредната рунда бранителот на трофејот стигна со “парот“ погодоци на Ето во првиот и Марига во вториот дел од мечот. За гостите погодија Карја од пенал и Скули во последната минута од мечот.

Пласман понатаму обезбеди и Палермо кој мининално со голот на Миколи од белата точка го елиминираше Киево. Вечерва Јувентус игра против Катанија.

Ohridnews