Актуелниот првак Интер ремизираше 1-1 на гостувањето кај Бреша во првиот натпревар од 29-то коло во Серија А

.

Нероаѕурите до предност стигнаа во 18 минута со голот на Ето, на додавање на Ранокиа. Ето погодокот го посвети на Нагамото и настраданиот јапонски народ во големата трагедија.
Во вториот дел македонскиот интернационалец Горан Пандев имаше две прилики да го реши мечот но од изгледни позции не успеа да го матира Аркари.


Казната за нереализираните шанси стигна во финишот на мечот преку Карачоло. Истиот играч  имаше меч топката , но не успеа да реализира најсторога казна во судиското надополнување.

Со нерешениот резултат Интер ја пропушти можноста да ја намали предноста на градскиот ривал Милан на само два бода, Милан својот натпревар од ова коло ќе го одигра во недела.

М.П.