Македонскиот репрезентативец Горан Пандев втора година во низа ќе биде дел од финалето во Копа Италија. Лани Пандев кој беше најдобар стрелец во ова натрпреварување во финалето во дресот на Лацио ја победи Сампдорија.

Петкратниот освојувач Интер по втор пат со минимални 1-0 ја совлада Фиорентина и обезбеди пласман во финалето. Погодокот вреден финале го постигна камерунскиот интернационалец Самуел Ето во 57-та минута од натпреварот. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев не настапи во победата на нероазурите.

Вториот финалист во Копа Италија ќе се дознае по натпреварот Удинезе – Рома. Избраниците на Клаудио Раниери имаат предност од 2-0 по првиот натпревар.

ohridnews