Европскиот првак Интер го совлада Сеонгам со 3-0 и се пласираше во финалето од Светското Клупско првенство. Стрелци на головите за “нероаѕурите“ беа Станковиќ, Занети и Милито. Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев ги одигра сите 90 минути и беше еден од подобрите во тимот на Бенитес.


Македонскиот австралиец во составот на Сеонгам, Саша Огненовски ја предоводеше одбраната на азискиот првак, но беше немоќен да го спречи поразот.

Пандев и Интер во финалето в сабота ќе се сретнат со афричкиот Мазембе , струмичанецот ќе биде третиот македонец кој ќе игра во финалето на Светското клупско првенство, претходно со Црвена Звезда во финалето играа Дарко Панчев и Илија Најдоски.

М.П.