Пандев и нероазурите се во полуфиналето на лигата на шамиони. Избраниците на Мурињо со идентични 1-0 како на првиот натпрвар во Милано ја победија ЦСКА во Москва и со севкупни 2-0 обезбедија пласман меѓу најдобрите четири.
Стрелец на единствениот гол уште во 6 – та минута беше Весли Снајдер. Македонскиот интернационалец Пандев мечот го започна од првата минута а на теренот помина 63 минути откако беше заменет со Киву.
Интер ќе игра со победникот од дуелот Барселона – Арсенал.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com