Интер е новиот европски првак. По речи си половина век , нероаузрите се радуваа на победа во финалето од лигата на шампиони. Избраниците на Жозе Мурињо, предводени од “килерот“ Диего Милито ги разбија бавараците победувајќи со чисти 2-0 .


Аргентинецот на два пати погоди во двете полувремиња, првиот пат во 35, a потоа во 70 минута. Македонскиот интернационалец Горан Пандев одигра одлични 80 минути во кои претрча 9 км , а  на стартот на вториот дел имаше и одличен удар кој го застана Бут.


Жозе Мурињо влегува во историјата на лигата на шампиони како третиот тренер кој триумфирал со две различни екипи. Во 2004 освои со Порто, а во 2010 со Интер. Претходно само Ернст Хапел и Отмар Хицфилд успеаа да го  постигнат тој успех.

Пандев е третиот македонец кој триумфирал во лигата на Шампиони.

М.П.