Погодокот на Горан Пандев во екстра времето го елиминираше Милан од понатамошните натпреварувања во италијанскиот куп.

Лацио го совлада Милан со 2-1, откако во регуларниот дел мечот заврши без победник 1-1.

Андреј Шевченко го отвори резултатот во 78 минутата. Поранешниот капитен на Лацио , Џузепе Фавали на три минути пред крајот го собори Пандев во казнетиот простор, а најстрогата казна во гол ја претвори Зарате.

Пласманот на Лацио во 1/4 финалето го осигура Македонецот на стартот на првиот екстра период.

М.П.