Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев беше стрелец за Лацио во натпреварот од Италијанската „Сериа А“ против Наполи кој заврши без победник 2:2.

Пандев беше стрелец на голот за водство на Лацио од 2:1, но римјаните во финишот на мечот потклекнаа пред Наполи кој извлече реми на Олимпико.

На Пандев ова му е 8 гол сезонава во калчото, прв во новата година.

OhridNews