Ново коло, нов погодок, нова победа и прво место во Серија А.
Македоснкиот интернационалец Горан Пандев беше прогласен за најдобар играч на мечот од второто коло во Серија А ,во кој Лацио на Олимпико ја совлада Сампдорија со 2-0.

За Пандев ова беше 142 натпревар во серија А и 42 погодок.

Со два постигнати погодоци Пандев на листата на стрелци се наоѓа во друштво со Миколи( Палермо) Химшк (Наполи) и Ди Натале (Удинесе).

Листата ја предоводи партнерот во нападот на Пандев, Зарате со три постигати гола.