Македонскиот интернационалец Горан Пандев, асистираше и погоди во 88 минута за Интер во победата над Баерн Минхен од 3-2 и го осигура патот на европскиот првак кон одбрана на титулата.
Натпреварот започна како што можеа само да посакаат навивачите на Интер, Пандев додава за Ето и по 3 минути игра Интер е во предност. На средина на првиот дел на сцена стапи Жулио Цезар кој киксираше по ударот на Робен, а Гомез го изедначи резултатот. До крајот на првиот дел Мулер погоди за 2-1.
По погодокот на Мулер, “баварците“ имаа серија прилики кои Мулер, Робен, Гомез и Рибери не го искористија. Казната за сите промашувања стигна по еден час игра со погодокот на Весли Снајдер. Како одминуваше времето така “нероаѕруите“ доминираа на теренот, а наградата за сета работа стигна во 88 минута преку Горан Пандев.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com