Актуелниот првак Интер во натпревар полн со возбудувања и пресврти успеа да ја совлада последнопласирната Сиена со 4-3. Избраниците на Мурињо длабоко во судиското надополнување го скршија отпорот на гостите. Херој на “неро-аѕурите“ е Самуел кој по асистенција на македонскиот интернационалец
Горан Пандев погоди за експлозија и победа на „Џузепе Меаца“.
Рома со погодокот на Даниеле Де Роси во првата минута извојвува минимален триумф над Киево со 1-0. Чилеанскиот репрезентативец Давид Пизаро не успеа да и донесе повисока победа на волчицата откако не реализираше удар од белата точка.
M.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com