Победи на водечкиот двоец во италијанската Серија А. Македонскиот интернационалец Горан Пандев кој одигра 70 минути во победата на Интер над Удинесе со 3-2 на Фриули му асиситираше на Маикон, за вториот погодок. Покрај Маикон голови дадоа Балотели и Милито.  Милан со 3-1 на Сан Сиро ја победи Аталанта, но го загуби Пато поради повреда. Рома испушти предност од 0-2 на  гостувањето кај Наполи.


Интер води на табелата со 58 бода, 4 повеќе од Милан, седум од Рома