Актуелниот освојувач на трофејот во Серија А, Интер на Џузепе Меаца ја прекина серијата од четири натпревари без триумф откако со 5-2 ја совлада Парма.


Репрезентативецот на Македонија во дресот на Интер, Горан Пандев одигра солидни 90-ет минути победа над Парма. Српскиот интернационалец Дејан Станковиќ постигна хет трик по еднаш беа прецизни Камбијасо додека македонската 10-ка му асистираше на погодокот кој го постигна Тиаго Мота за “млекарите“  на два пати прецизен беше поранешниот член на “неро азурите“ аргентинецот Ернан Креспо. 


Со победата над Парма избраниците на Рафаел Бенитез “скинаа“ два бодови во однос на лидерот на табелата Милан кое на чело на Серија А со 30 бодови.

Резултати: Сампдорија – Милан 1-1, Јувентус – Фиорентина 1-1, Интер – Парма 5-2, Удинезе – Наполи 3-1, Лацио – Катанија 1-1, Каљари – Лече 3-2, Бреша – Џенова 0-0, Болоња – Киево (одложена), Бари – Чезена 1-1 , Палермо – Рома 3-1

Мх.П.