Проблемот со недостаток на медицински кадар е постојан, а пандемијата покажа колку е важно стручноста да ја води болницата, вели Д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница Охрид. Во интервју за ОhridNews, кое премиерно беше објавено вчера, Балевски истакна дека е потребен поинаков пристап за вработување на кадарот кој ќе работи во болницата. Наспроти потребата од медицински персонал, проблем е големата бројка на  немедицински кадар.

Потребата од медицински кадар е огромна, не само кај нас туку и во целиот свет, затоа треба да се вложува во младите кадри кои се со квалитетно образование, посочува Балески. Моментално најдефицитарни  во охридската болница се анестезиолози и педијатри. Како што вели Балески, Охрид своевремено имал една од најдобрите анестезиолошки екипи во регионов, но ниту еден од тие анестезиолози повеќе не е дел од болницата.

Во однос на oпштата болница најголем недостаток на кадар и на ниво на Македонија и на ниво на Европа се анестезиолози. Убедливо најтежок проблем е анестезија и педијатрија. На конкурсот за специјализација на педијатрија се пријави само една докторка која ќе биде голем потенцијал за Охрид. Проблем е што доста млади лекари си заминуваат во странство, а многу од завршениот медицинскиот кадар воопшто не доаѓа да работи во нашите здравствени установи. – предочува Д-р Балевски.

Д-р Балевски истакна дека Охрид заслужува да има еден голем клинички центар по примерот на Скопје, каде ќе бидат споени сите болници од регионот.

Целиот разговор со Д-р Горан Балевски, директор на Општата болница Охрид може да го проследите тука:

 

Разговор со Д-р Горан Балески

OhridNews