Паркот во непосредна близина на музичкотo училиште деновиве интензивно се подготвува за градба. Се сечат дрвјата за да се ослободи простор за новиот станбен комплекс кој согласно урбанистичките планови што ги донесе општината ќе се гради тука. Граѓаните реагираат дека на мал простор ќе има многу станбени објекти и дека се повеќе се намалува зелениот појас во градот, но гласот на јавноста тешко стигнува до надлежните институции.


OhridNews