Македонската фудбалска репрезентација на три недели пред почетокот на Евро- квалификацискиот циклус остана без првиот голман Томе Пачовски.
Репрезентативниот чувар на мрежата ќе биде надвор од терените најмалку шест месеци објави неговиот клуб, Жерминал Бершот откако Пачовски заработи скршеница на ногата на првенствениот дуел од белгискиот шампионат против Андерлехт.
Според информациите ова е повреда која се санира подолго време, па тој не ќе може да настапува за националниот тим, каде беше прв избор на селекторот Јонуз. Со него во составот на голманската позиција е и Един Нурединовски.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com