Монтажа или нептријатна случка со среќен крај. Видеото насловено како “Golden Eagle Snatches Kid” за неполн ден привлече над половина милиони гледачи и е главна вест во светот. На него може да се види како орел во низок лет грабнува бебе од парк и се обидува да одлета со него. Наводно се се’ случило во Монтреал, но голем број од гледачите кои го виделе видеото се сомневаат дека можеби се работи за наместен случај. Во секој случај видеото со молскавична брзина се рашири на интернет и осамна на насловните страни на медиумите.