Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов денеска во вилата Билјана во Охрид на Националната установа фестивал „Охридско лето“ и врачи Орден за заслуги за Македонија  за долгогодишно успешно претставување на македонското и светското творештво за промовирање на македонската култура и афирмација на Република Македонија во светот.

Фестивалот Охридско лето кој годинава одбележува 50 години од формирањето е една од најстарите и најреномирани културни манифестации во земјата. Низ него поминале плејада познати уметници кои ја ширеле приказната за Охрид и Македонија низ светот.

OhridNews