Инцидентот што го предизвика ветеранот на Реал Мадрид Љуљ во финишот на мечот, кога неспортски го удри капитенот на Партизан Кевин Пантер, ескалираше во општа тепачка во која учествуваа кошаркарите на двата клуба.
Најлошо мина играчот на Партизан Данте Ексум кој заработи повреда на левата нога, откако брутално беше удрен од Паркет од нервозниот противнички играч Јабусале кој имаше очајна вечер.
Партизан на неполни две минути до крајот имаше убедливо водство 95:80, а судиите по прегледувањето на снимката и разговор со тренерите на двата тима, го прекинаа мечот.
Real Madrid – Partızan , Punter-Sergıo-Yabusele 😳 #EuroLeague #EuroLeaguePlayoffs pic.twitter.com/FD4a5FUD6K
— İlkaytkkc (@ilkaytkkc) April 27, 2023
Партизан поведе во плеј-оф серијата од 1/4 финалето против Реал Мадрид со 2:0. Третиот меч во серијата прв до три, се игра во Белград на 2 мај. Во меѓувреме се очекува Евролигата да ги изрече казните за учесниците во инцидентот.
Г.М.