Во Охридско езеро денеска беше пуштен галебот Џонатан. Името му го дадоа волонтерите од здружението за заштита на животни „Анималиа“ кои ја згрижија птицата која имаше повредено крило.

-За жал крилото мораше да биде ампутирано и Џонатан може само да плови. Иако имаше опции да се смести во домашни услови, од видеото се гледа дека на Џонатан му фали езерото. – вели волонтерот Климент Арнаудов.

Охриѓани сега покрај Џорџ (лебедот со повредено крило) го имаат и Џонатан кому исто така му е потребна човечка помош за да се нахрани. 

-Не треба многу за да спасите живот. Доволно е љубов да имате во вас. Се друго се безначајни изговори. – додава Арнаудов.

Опоравениот Џонатан со едно крило се врати во Охридското Езеро 

OhridNews