Баерн Минхен со погодокот на хрватскиот репрезентативец Ивица Олич во судиското продолжение го совлада вицешампионот Манчестер Јунајтед со 2-1.
Вејн Руни со петтиот гол во елиминациската фаза ги доведе ѓаволите во водство. Јунајтед ги држеше конците се до 77-та минута кога Франк Рибери од слободен удар го совлада одличниот на голот Едвин ван дер Сар.
Лион го доби првиот од двата дуели на француските гиганти победувајќи го Бордо со 3-1. Лисандро Лопез на два пати, еднаш Бастос беа прецизни за Лион додека за “жирондиците“ погоди Чамак.
Реванш 1/4 финални натпреварите од Лигата на Шампиони се играат на 7 април.