На деветгодишнината од трагичната смрт на Тоше Проески, охридските музички уметници Боби Мојсоски и Даниел Јовески ја препеаја носечката тема од последниот издаден албум на големата балканска ѕвезда „Игри без граници“. Тие снимија и спот кој е посветен на Тоше и неговото родно Крушево.
„Не можам да го опишам чувството кога помислувам на Тоше Проески, најголемиот човек кој некогаш се родил во оваа земја. Кога помислуваш на љубов, на светлина, на спокој и сите најубави човечки особини, тоа е Тоше. Ми беше чест што учествував во овој проект, заедно со маестро Даниел Јовески и во негова чест, ја посветуваме оваа преработка на “Игри без граници“. Страниците на Тоше Проески не се празни и неиспишани, зошто сите Македонци го негуваме и почитуваме неговото дело. Да покажеме дека Тоше Проески ќе живее секогаш во нас и ќе учиме од него за сите најдобри човечки особини и музички квалитети.“ – изјави Боби Мојсоски.
OhridNews