Триесет илјади Македонци, меѓу кои голем дел по потекло од охридскиот крај учествуваа на семакедонскиот протест во Мелбурн – Австралија вчера во подршка на уставното име на Република Макеодонија. Меѓу протестантите беше и 13 годишниот Џејмс Шибакоски кој заедно со неговото семејство ја искажал подршката за Македонија. „Горд сум што можев на овој начин барем малку да придонесам за мојата земја“,стои во писмото на младиот охриѓанец Шибакоски испратено до Ohridnews.


На мирниот протест пред Парламентот на Викторија, беше прочитана Резолуцијата во која се бара повлекување на дискриминаторската директива донесена во 1994 година во која Австралија носи одлука македонскиот идентитет да го именува како славомакедонски, Обединетите нации да ја признаат земјата под уставното име, а македонската Влада да ги прекине преговорите со Грција за името, НАТО да и даде покана на Македонија за членство, а Грција и Бугарија да ја прекинат вековната антимакедонска кампања.

ohridnews