Педесетина граѓани , претежно млади, зедоа учество во манифестацијата „Ден без автомобили“, што денеска се одржа во Охрид. На манифестацијата што се одржа во рамки на ”Европска недела на движењето” изостана масовноста, а не се почитуваше ниту  забраната за движење со возила по улиците по кои се движеа рекреативците со велосипеди, ролери и пеш. Дел од возачите дури и го попречуваа движењето на велосипедистите на кружниот тек во центарот на градот, што наиде на револт кај учесниците во манифестацијата.


Манифестацијата заеднички ја организираа Министерството за животна средина, локаланата самоуправа и Извидничкиот клуб „Бран“ – Охрид. На рекреативниот марш се придружија градоначалникот Алексансар Петрески, државниот секретар во Министерството за животна средина, Дејан Паноски, пратениците Владо Стефаноски и Томе Чингоски и други политичарти и јавни личности. На пладне кај пристаништето се одржа хепенинг на кој беше истакната потребата од почеста организација на вакви настани. Добро е барем еднаш неделно да ги оставиме нашите автомобили и да рекреираме рече познатиот радио водител, Жанко З’ш Голабоски.


Градоначалникот Александар Петрески истакна дека општината и во иднина ќе ги помага ваквите манифестации кои како што рече имаат двојна улога. Тие се добри за здравјето, но и за туризмот, рече Петрески. На овој начин сомболично сакаме пред се да влијаеме на младите генерации, што повеќе да спортуваат и рекреираат, рече Петрески.


Сакаме да испратиме порака до младите да се грижат повеќе за животната средина, а со тоа и за своето здравје, истакна државниот секретар во МЖСП, Дејан Паноски кој им се обрати на присутните.


На манифестацијата што се одржа под мотото „И велосипедите се дел од природата“, на пет млади организаторот им  додели нови велосипеди.


пет велосипеди за најсреќните


добитниците со организаторите


и новинарите рекреираа


политичарите дел од хепенингот


пратенички муабет


автомобилите го расипаа впечатокот

Г.М.