Охриѓанецот Петар Маркоски e на чекор до голем успех во музичкото шоу на М2 продукција -„Потрага по ѕвезда“.  Тој се пласира во полуфиналето на проектот на М2 и со голема поддршка на публиката која веќе го препознава неговиот исклучителен талент и малку среќа, можеме да го очекуваме во големото ѕвездено финале.


Во 2009  Петар  учествуваше на “Охрид Фест“ во група “Stuck on“ со песната “Барам утеха“ со која ја освои втора награда на дебитантската вечер. Во 2010 Петар сам настапува на “Охрид Фест“ со песната “Со тебе“ со која обезбеди пласман во поп вечерта на фестивалот.

За талентот и гласовните способности на Петар најдобро сведочи овој видео материјал направен во студио во Охрид.


Охриѓанецот Петар Маркоски на чекор до ѕвезденото финале

OhridNews