Охриѓанецот Ѓоко Танески ќе ја претставува Македонија на изборот за песна на Евровизија, што оваа година ќе се одржи во Осло – Норвешка. Тој во драматична завршница победи на националниот избор за песна на Евровизија пред Влатко Илиевски благодарение на 12-те поени од жирито.


Ѓоко Танески триумфираше со песната „Јас ја имам силата“ – текст и музика на Кристијан Габроски кој се потпишува и на аранжманот заедно со Дарко Тасев. Во бендот кој го придружуваше Танески, беa  уште двајца охриѓани,  гитаристите  Дамјан Пејчиноски и Сашо Петровски.

Ohridnews