Викендов Cuba Libre beach & bar. беше место каде младиот охридски музички талент Александар Јосифоски, го промовира својот деби видео запис за песната „Траг у бексрају“ од хрватската ѕвезда Оливер Драгоевиќ.
Видеото е снимано во Драч, соседна Албанија, а зад проектот стои Ѓоле Савески од Sustain Entertainment на Даниел Јовески. Пост-продукцијата е на Power production, а песната е работена во студиото на Вулнет Ибраими.
„Се решив на овој чекор на преработка на песна, од преголеми емоции кои ги нуди темата. Токму тоа е она што ме води во песната.“ – вели охриѓанецот Александар Јосифовски.
Промоцијата беше проследена со настап на повеќе охридски музичари.
OhridNews