Младиот охриѓанец Дарко Велков, инаку страстен љубител на екстремните спортови, деновиве сними „опасно“ видео на скопското Кале. Езгзибициите на калето Дарко ги снимил и едитирал во еден ден, а крајниот резултат може да го видите во видеото подолу, кое, како што на шега вели младиот егзибиционист, не се препорачува за лица со слабо срце.
-Поентата на видеото е гледачите на некој начин да ја доживеат и видат архитектурата низ мои очи, да ги видат убавините од места од кои повеќето се плашат. Исто така сакам да ги мотивирам луѓето убавото и сончево време да го користат за било каква физичка активност, а можностите за тоа се навистина неограничени, глетката е бесценета, а физичките и психичките придобивки од „потрошеното“ време на овој начин се загарантирани и јасно видливи. – вели Дарко Велков.
Дарко и стана познат на пошироката јавност во 2012 година кога сними „parkour/freerunning“ видео низ охридските улици кое исто така беше емитувано на OhridNews.
OhridNews