Охриѓанецот Мевљаим Арифи, денеска час и половина ја блокираше улицата „Стив Наумов“ непосредно пред индустриската зона во комплексот „Слобода“, револтиран од инцидентот што се случил утрото кога автомобил ја удрил неговата внука пред семејната куќа, а возачот побегнал од местото на настанот. Тој поставил празни кофи и застанал среде коловоз пред дупката која по интервенција на јавно претпријатие била оставена подолг период несанирана.
-Се вози брзо тука, а оваа дупка предизвикува дополнителен проблем. Порано имаше лежечки полицаец тука, a сега останат е само знакот. Тука ми ја згазија сопругата минатата година, а денеска настрада мојата внука, која за среќа е добро и преживеа. Во знак на револт ја блокирав улицата час и половина, не пропуштав возила ниту од индустриската зона. – изјави Арифи.
Блокадата ја отстранила полицијата, но Мевљаим се заканува дека ќе постави нова блокада во понеделник доколку не се санира оштетувањето на улицата „Стив Наумов“ и не се подобри нејзината безбедност.
Охриѓанец час и половина блокираше улица бидејќи кола му ја удрила внуката
OhridNews