Нуркачите од Клубот за подводни активности од Охрид и Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид традиционално по четврти пат ја накитија новогодишната елка.
Get the Flash Player to see this player.
Оваа година елката се постави во изворите на Црн Дрим кај Свети Наум и таму ќе остане до завршувањето на новогодишните празници како туристичка атракција, ни изјави Милутин Секулоски-меѓународен нуркачки инструктор.
Елката може да се види при прошетка со кајче по изворите.
Нуркачите од клубовите за подводни активности на овој начин им ја честитаат Новата година на охриѓани и посетителите на Охрид и најавуваат дека традицијата ќе продолжи и во наредните години.
охридските нуркачи ја накитија подводната елка во изворите на Дрим
Г. Момироски