Матурантите од охридската Гимназија утре на пладне заедно со уште 30.000 нивни врсници од 26 градови во регионот ќе го изведат танцот „Квадрил“ од Штраус со што симболично ќе го прослават завршувањето на средното образование.


Охридските матуранти ќе танцуваат за Гинис

Учениците од Гимназијата напрорно се подготвуваат за јавниот настап. Една од последните проби се одржа синоќа во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ каде се увежбуваа танцовите чекори. Задоволни беа и инструкторите и професорите, но и учениците. На пробниот настап тие  изгледаа речиси перфектно…

Танцот „Квадрил“ прв пат јавно беше изведен од словенечките средношколци во 2001 година. Оттогаш наваму нив им се придружија матурантите од повеќе држави, а од минатата година дел од европската прослава се и матурантите од Македонија. Покрај во Охрид танцот „Квадрил“ ќе биде изведен уште и во Велес, Струмица и Скопје. Со тоа матурантите од земјава ќе станат дел од новиот Гинисов рекорд. Почетокот на танцот ќе биде означен со посредство на македонското радио кое ќе го пренесува сигналот на радио Љубљана кое официјално  ќе го означи почетокот на матурскиот танц.

ohridnews