На
музиката на Штраус, матурантите од охридската Гимназија на градскиот
плоштад денеска на пладне го изведоа танцот „Квадрил“ со што
симболично го одбележаа завршувањето на средното образование.
матуранти им се приклучија на 30.000 врсници од повеќе градови во
регионот, кои истовремено танцуваа на европските плоштади.
„Квадрил“ прв пат јавно беше изведен од словенечките средношколци во
2001 година. Оттогаш наваму нив им се придружија матурантите од повеќе
држави, а од минатата година дел од европската прослава се и
матурантите од Македонија. Покрај во Охрид се танцуваше уште и во
Велес, Струмица и Скопје. Со тоа матурантите од земјава станаа дел од
новиот Гинисов рекорд.