Охридскиот ракометен бисер Иван Тасески кариерата ќе ја продолжи во Пелистер откако со битолскиот клуб потпиша двегодишен договор.


Тасески кој е творба на охридскиот ракометен клуб со својата посветоност ги освои симпатиите на Пелистер и новиот селектор на Македонија, Лино Червар кој го сврсти на поширокиот репрезентативен список.

– Задоволен сум од договорот и понудените услови и со нетрпение чекам да почнат мечевите од новата сезона. – рече кратко Тасески за Ohrid News.


Новопечениот репрезентативец е второ засилување за Пелистер од Охрид. Претходно во Битола премина голманот Кирил Колев кој потпиша договор на една сезона.

Мх.П.