Деновиве во Токио се одржа премиера на филмот „Tourist“, со Johnny Depp и Angelina Jolie во главните улоги, на која присуствуваше и нашиот специјален известувач од јапонската престолнина, Адријан Битрак.


На црвениот тепих зачекори само актерот  Johnny Depp кој беше пречекан со овации од понежниот пол, а на промоцијата присуствуваше и  режисерот Florian Henkel von Donnersmarck.


Отсуството на Angelina Jolie беше оправдано со службено патување во Авганистан, за кое од присутните можеше да се чуе дека е изрежирано од љубомората на  Brad Pitt.


Johnny Depp кој стрпливо им делеше автограми на обожавателите истакна дека во филмот има многу добри сцени, а негова најомилена била средбата со Angelina Jolie во возот. Гостувањето на Jonny Depp во Токио беше вистинска атракција, за што говори и податокот дека некои од фановите чекаа и по три дена за да го видат омилениот актер.

од Токио за OhridNews
Адријан Битрак