Охрид за продолжениот викенд за празникот Велигден е исполнет со гости. Најбројни се домашните туристи, како и гостите од регионот кои Велигден ќе го дочекаат во Балканскиот Ерусалим. Во центарот на градот е раздвижено, а духовните храмови на Македонската православна црква – Охридска архиепископија преку целиот ден беа исполнети со посетители.
Охрид за Велигден убав, раздвижен и величенствен
OhridNews