Иако е зима, Охрид деновиве пулсира како во шпиц на летната сезона. Угостителските објекти се преполни, а со полн капацитет работат и терасите на отворено. Похрабрите, пак, уживаат во крстарење со брод или катамаран по Охридското Езеро. Поголемите сместувачки капацитети во Охрид за Нова година се исполнети над 90%, во најголем дел со гости од опкружувањето.