По повод 21ви март, Светскиот ден на поезијата, екипата на поткастот „Имам нешто да ти кажам“ поддржан од OhridNews, направи креативна соработка со охридскиот џез клуб – Jazz Inn, во која се слави поезијата и врвните поети. Настанот, кој премиерно може да го проследите на нашиот портал со почеток во 20 часот, мелодично го облагороди младиот охридски гитарист Мартин Милески.

Песните и поетите кои се одбрани, не се по случаен избор, напротив.

  • Блаже Конески – 100 години од неговото раѓање оваа година.
  • Анте Поповски – 90 години од неговото раѓање.
  • Шарл Бодлер – 200 години од неговото раѓање.
  • Славе Ѓорѓо Димоски – охридски поет, роден 3 дена непосредно пред Светскиот ден на поезијата што можеби говори и повеќе за неговата поетска ѕвезда.
  • Ѓорѓе Балашевиќ – балкански поет и музичар кој остави огромно творештво, а прерано згасна неговиот живот токму оваа година.

Охрид во чест на Конески и великаните на светската поезијата

OhridNews