Првото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ги помести границите во професионалноста, но најголема добивка е продолжувањето со трчање на учесниците во текот на целата година. Наставничката во Основното училиште „Братство-Единство“, Марија Пупиноска Гогова го потврдува тоа во новата епизода од иновативната видео кампања на „Охрид трчаТ“. Таа откри дека од трчањето ја црпи позитивната енергија и и го исполнува животот полн со предизвици. Погледнете и уживајте !
Пријавувањето за учество на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ кој ќе се одржи на 3 јуни е во тек. Сите заинтересирани можат да се пријават за 5 и 10 километарската трка или тим билдинг трката на официјалната интернет страница ohridtrcat.mk.
OhridNews