Општината Охрид од  буџетот интервентно ќе издвои средства за помош на  семејството Садик чија куќа вчера целосно изгоре во пожар. Ова го најави градоначалникот  Бакрачески кој денеска го посети семејството Садик, кое се подготвувало да го одбележи роденденот на 52 годишниот Музафер кога избил пожарот. Стручните служби на општината и Професионалната противпожарна единица извршија проценка на направената штета. Според првичните информации од истрагата причина за пожарот бил оџакот од каде огнот брзо се проширил на целата куќа. За среќа жртви и повредени нема, а направена е поголема материјална штета.


Охрид се солидаризира со семејството Садик

OhridNews