И овој Илинден иста слика на сообраќајниците во и околу Охрид. Гужви, нервозни возачи, километарски колони. Градот беше  блокиран од сите страни, а пристапот до централното градско подрачје на моменти речиси  невозможен. Паркирањето и натаму е голем проблем па така секој се снаоѓа како што знае и умее. Ваквата грда слика се повторува со години и речиси ништо не се презема да се подобри инфраструктурата. Северната трансферзала и источната обиколница сеуште се во почетна фаза , а изградбата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум е само идеја. Додека не стане стварност Охрид ќе се гуши во сообраќај.

Ohridnews