Охрид после дожд е како Венеција, фалат само гондоли. Вишокот атмосферска вода не се повлекува од булеварот „Туристичка“, особено при силни врнежи како вчерашните. Возачите на автомобили се чувствуваат исто како да возат кајче или глисер. Пешаците кои случајно ќе се затекнат на тротоарите, може лесно да бидат “истуширани”. Вака е после секој обилен дожд на булеварот „Туристичка“.


Охрид како Венеција

Васко Бујароски